Вие прашувате ние одговараме...

Фокусирани сме кон правилно информирање на јавноста, појаснување на правата кои постојните и новите осигуреници ги имаат како членови на вториот задолжителен столб, како и доближување на можностите за обезбедување на поголема материјална и социјална сигурност, преку искористување на поволностите кои ги нуди третиот доброволен столб. 

Во прилог одговор на некои од најчесто поставуваните прашања поврзани со работењето на Друштвото и фондовите со кои управуваме:

Дали приносот зависи од обемот на средствата за управување на фондот?

Не. Приносот на Фондот зависи од начинот на инвестирање на средствата, не од големината на средствата. Дури и со поголем износ на средства, фондовите можат да претрпат загуба доколку имаат поризични инвестиции чија вредност зависи од движењата на берзите во странство и дома.

Дали ќе се оствари загуба во вредноста на сметководствената единица при премин од еден во друг пензиски фонд?

 (пр. Вредноста на сметководствената единица во пензиски фонд во кој што сум сега изнесува 200, а кај вас е 100?)

Не. При премин од еден во друг фонд, износот на акумулирана пензиска заштеда на индивидуалната сметка на осигуреникот останува ист. Притоа, со преминот од пензиски фонд со поголема вредност на сметководствена единица во пензиски фонд со пониска вредност на сметководствена единица, со износот на акумулираната заштеда ќе се добијат повеќе сметководствени единици од новиот пензиски фонд.


Колку се сигурни моите пари?

Системот е поставен со строги интерни и регулаторни контроли, дефинирана законска рамка за инвестирање и управување со ризици, надзор од страна на Агенција за супервизија Мапас и чување на средствата од страна на банка чувар.

Банка чувар на средствата на средствата на фондовите со кои управува Триглав пензиско друштво АД Скопје е Комерцијална банка АД Скопје

Од што зависи приносот на моите средства?



Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од периодот на оплодување и остварениот принос и наплатените надоместоци на фондот за тој период.

Што ќе се случи со моите средства што се уплатени во пензиската шема, доколку ја променам фирмата?



Доколку во новата фирма има организирано пензиска шема и бидете вклучени во неа средствата  ќе Ви бидат префрлени во новата пензиска шема.