Што направивме за нашите членови
Резултати од работењето, остварен принос и наплатени надоместоци
Активна грижа за членовите
Услуги за членовите и пензионираните членови
посигурна пензиска заштеда
Лични средства за исплата на сопствената пензија

Триглав отворен задолжителен пензиски фонд-Скопје

Задолжителен пензиски фонд кој е основан и управуван од страна на Tриглав пензиско друштво АД Скопје

Вториот столб опфаќа задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, што значи дека дел од вкупно уплатениот придонес за пензиско осигурување се пренесува на индивидуална сметка на осигуреникот во приватен пензиски фонд.

Висината на придонесот кој се пренесува во приватниот пензиски фонд изнесува 6% од бруто платата. Овие средства се наменети за исплата на пензија од вториот столб лично на членот, истите се инвестираат во финансиски инструменти, а остварената добивка се припишува кон индивидуалната сметка.

Бидејќи средствата од индивидуалната пензиска сметка се лични и доколку не се искористат за нивната основна намена истите се:

- предмет на наследување (под услов членови на семејството да не користат семејна

пензија од починатиот член)

- предмет на исплата по навршени 65 години старост (ако членот не оствари право на старосна пензија)