Средствата од сметката на осигуреникот и на пензионираниот член на Триглав доброволен пензиски фонд се дел од неговиот личен имот. Тие не можат да се користат во постапка на порамнување, или стечај, не можат да се даваат под залог, асигнација, или да се пренесуваат во полза на трети лица, освен кога тоа е утврдено со закон, или со статутот на пензиското друштво.
Во случај на смрт на член на Триглав доброволен пензиски фонд, средствата од сметката на членот стануваат дел од оставинската маса на оставителот и со истите се постапува во согласност Законот за наследување.
Членовите на третиот столб имаат право на пензиски надоместок од акумулираните средства на нивната сметка. Ова право го стекнуваат најрано 10 години пред достигнување на возраста за стекнување на право на старосна пензија, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Секој член лично го одредува обликот на исплата на надоместокот:
а) исплата на вкупниот износ на неговата сметка, еднократно или повеќекратно;
б) пензиски ануитет, кој се исплаќа до крајот на животот од друштво за осигурување;
в) програмирани повлекувања од пензискиот фонд, или
г) комбинација на опциите, наведени погоре.
Доколку износот кој се наоѓа на сметката на член на фондот е помал од износот пропишан од Агенцијата, тој член има право само на пензиски надомест, т.е. еднократна, или повеќекратна исплата на целиот износ.
Членовите, опцијата купување пензиски ануитет можат да ја изберат најдоцна до 70-годишна возраст.
Видови ануитети во третиот столб
Поединечен ануитет – се исплаќа на само еден корисник на пензиски надоместок.
Заеднички ануитет – се исплаќа на корисникот на пензиски надоместок, а по неговата смрт го користат еден или повеќе корисници.
Доживотен ануитет – му гарантира на корисникот на пензиски надоместок доживотна месечна исплата на пензиски надомесок, без разлика на неговата реална долговечност.
Привремен ануитет – му гарантира на корисникот исплата на однаред дефиниран број пензиски надоместоци.
Непосреден ануитет – се исплаќа по пренесување на премијата од страна на пензиското друштво во друштвото за осигурување.
Одложен ануитет – се исплаќа по истекот на периодот на одложување.
Ануитет без гарантиран период – со однапред дефиниран број на месеци во кои задолжително ќе се исплаќа, без разлика дали корисникот на пензија е жив.
Ануитет со гаранција – се исплаќа на еден, или повеќе однапред определени корисници, со редослед на користење на ануитетот до крајот на гарантираниот период, во случај на смрт.
Гарантиран заеднички – во случај на смрт на членот, определените корисници до крај на гарантираниот период примаат прензиски надоместок. Висинаѕа на надоместок за секој корисник ја определува членот на пензиски фонд.
Грантиран одложен – започнува со завршувањето на периодот на одложување.
Фиксен ануитет усогласен со трошоци на живот – ануитет, усогласен со движењето на трошоците на животот и се исплатува месечно, во денари, или во евра со денарска противвредност.
Фиксен ануитет со учество во добивка – се исплаќа месечно и вклучува минимална гарантирана исплата и процент од остварената добивка на друштвото за осигурување.
Варијабилен ануитет – се исплаќа месечно, со променлива висина на ануитет, кој зависи од пазарната вредност на средствата на инвестицискиот фонд.
Членот треба да избере ануитет што ќе содржи по една карактеристика од секој вид на ануитет, и тоа: поединечни и заеднички ануитети; доживотни и привремени ануитети; непосредни и одложени ануитети; со гарантиран период, или без гарантиран период и фиксни ануитети, варијабилни ануитети, или фиксни ануитети со учество во добивката.
Корисникот на пензија, во случај на комбиниран пензиски надоместок, одлучува на колку видови надоместоци ќе се поделат средствата на неговата сметка и го определува делот за секој од видовите.
Програмираните повлекувања можат да се користат како:
- •доживотни програмирани повлекувања и
- •привремени програмирани повлекувања.
За исплата на средствата од доброволна индивидуална/професионална сметка преку ануитет, корисникот на пензиски надоместок потпишува полиса за ануитет со друштво за осигурување, додека пак за исплата на средствата преку програмирани повлекувања, еднократни или повеќекратни, потпишува договор со пензиско друштво. Во случај на исплата на средствата преку комбинација од опции за исплата што ги нуди пензиско друштво и опции што ги нуди осигурителното друштво, корисникот потпишува договор со пензиско друштво и полиса со осигурително друштво.
Полисата за ануитет е нераскинлив договор. Друштвото за осигурување не смее да ја раскине полисата за ануитет ниту во случај на согласност на корисникот на пензија и на друштвото за осигурување;
Корисникот на пензија може во секој момент да го замени програмираното повлекување, обезбедено од едно пензиско друштво, со користење на преостанатите расположиви средства од доброволната индивидуална и/или професионална сметка, за купување програмирани повлекувања од друго пензиско друштво, купување на ануитет од друштво за осигурување, или со еднократна или повеќекратна исплата од пензиското друштво.
Корисникот на пензија може да ја замени повеќекратната исплата со користење на преостанатите расположливи средства од доброволната индивидуална и/или професионална сметка за купување ануитет од друштво за осигурување, купување на програмирани повлекувања од пензиско друштво, со повеќекратна исплата од друго пензиско друштво, или со еднократна исплата.
Кога кај член на Триглав доброволен пензиски фонд е утврдена општа неспособност за работа од страна на Комисијата за оцена на работната способност при Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, тој има право, без оглед на возраста, да избере една од можностите за пензиски надомест.
Во случај на смрт на член, или на пензиониран член на Триглав доброволен пензиски фонд, средствата од сметката на тој член стануваат дел на оставинска маса на оставителот и со тие средства се постапува согласно Законот за наследување.