Една од основните цели - минимизирање на ризиците

Управувањето со фондовите се заснова на принципот на фидуцијарна должност, а во тој процес посебна важност се дава на процедурите во управување со ризиците

Потпирајќи се врз долгогодишното искуство на Групацијата Триглав во процесите на управување со финансиски средства, инвестициите за пензискиот фонд ги одбираме по строго дефинирани правила и утврдена инвестициона стратегија. Нашата цел е да остваруваме високи приноси, единствено во полза на осигурениците и идните пензионери, водејќи при тоа сметка да ги минимизираме ризиците од можни загуби.


Вложувањата во одделни видови инструменти подлежат на ограничувања, со цел да се менаџираат ризиците:

  • а) најмногу 50% од вредноста на средствата на Триглав доброволен пензиски фонд можат да се вложуваат во инструменти на странски издавачи на финансиски инструменти надвор од Република Македонија. Во рамките на ова ограничување, најмногу 30% од вредноста на средствата на Триглав доброволен пензиски фонд можат да се вложуваат во инструменти дефинирани во точките ј), к) и л), наведени во Инвестиционата политика;
  • б) најмногу 80% од вредноста на средствата на Триглав доброволен пензиски фонд можат да се вложат во инструменти наведени во точките б) и д) во Инвестиционата политика;
  • в) најмногу 60% од вредноста на средствата на Триглав доброволен пензиски фонд можат да се вложат во инструментите од точките а), в) и г) во Инвестиционата политика;
  • г) најмногу 40% од вредноста на средствата на Триглав доброволен пензиски фонд можат да се вложат во инструментите наведени во точките е) и з) во Инвестиционата политика. Во рамките на ова ограничување најмногу 10% од вредноста на средствата на Триглав доброволен пензиски фонд можат да се вложуваат во обврзници издадени од единиците на локалната самоуправа.
  • д) најмногу 30% од вредноста на средствата на Триглав доброволен пензиски фонд можат да се вложат во инструментите наведени во точката ѓ) во Инвестиционата политика и
  • ѓ) најмногу 5% од вредноста на средствата на Триглав доброволен пензиски фонд можат да се вложат во инструментите наведени во точка з) во Инвестиционата политика.