Една од основните цели - минимизирање на ризиците

Инвестирањето на средствата на Триглав задолжителен пензиски фонд се врши со цел остварување највисок принос единствено во корист на членовите и пензионираните членови на Триглав задолжителен пензиски фонд и преку диверзификација и финансиска анализа се минимизира ризикот од загуби:

 

а) кои би настанале поради неплаќање на издавачот или другата договорна страна;

б) кои произлегуваат од влијанието на домашните и странски финасиски пазари;

в) во реалната вредност на средствата на задолжителниот пензиски фонд поради инфлација; и

г) кои се последица од продажба на средствата на задолжителниот пензиски фонд поради обезбедување на ликвидност на задолжителниот пензиски фонд.