Агенти-основен елемент на продажната мрежа

Имајќи предвид дека агентите се првите кои стапуваат во контакт со потенцијалните членови на Пензиските фондови, тие се иницијална слика на Друштвото и неговото работење.

Агент може да биде лице вработено во пензиско друштво, или лице кое е договорно ангажирано од страна на пензиско друштво, кое има положено испит за агенти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и кое е запишано во Регистарот на агенти.

Во регистарот за агенти може да биде запишано лице кое ги исполнува следните услови:

  • Да е државјанин на РСМ, или, ако е странец, да има регулиран статус на странец согласно закон;
  • Да не му е изречена прекршочна санкција забрана на вршење на професија, дејност, или должност во областите на економијата, финансииите, осигурувањето, банкарството и правото;
  • Да има завршено најмалку средно образование;
  • Да положило испит за агенти пред Агенцијата и
  • Да не е вработено во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Макеоднија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Управата за јавни приходи и агенции за привремени вработувања.

 

Агенцијата го пропишува начинот и постапката за полагање на испитот за стекнување статус на агент и начинот и постапката за запишување на лицето во Регистарот на агенти

Апликација за агент

Согласно Законот за капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, агенти не можат да бидат лица вработени во Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, Фондот за здравствено осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

ПРИЈАВА НА ИСПИТ ЗА АГЕНТ НА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО




ЛИСТА НА АГЕНТИ ПО ГРАДОВИ