Зошто дополнително да одвојувам средства за својата пензија?
Начин на функционирање на доброволното пензиско осигурување
Информирај се на време, за посигурна иднина.
Запознај се со можностите кои ти ги нуди доброволниот пензиски фонд.
Вистинска одлука во вистинско време.
Стани член во доброволниот фонд управуван од Триглав

ТРИГЛАВ ОТВОРЕН ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД -СКОПЈЕ

Обезбедете си дополнителни приходи за посигурни пензиски денови.

Кој може да биде член?

Член на доброволен пензиски фонд може да биде секое лице кое навршило 15 години но не повеќе од 70 години и е сопственик на доброволна индивидуална сметка или секое лице кое е учесник во професионална пензиска шема и е сопственик на професионална сметка.

Членот може да уплаќа:

  • Доброволен придонес сам за себе,
  • Во негово име и за негова сметка да уплаќа доброволен придонес трето лице (т.н. уплаќач), или
  • За него да плаќа осигурител односно финансиер на професионална пензиска шема.

Лицето станува член на доброволен пензиски фонд:

  • Со потпишување на договор за членство во доброволен пензиски фонд меѓу лицето и друштвото и со отворање на доброволна индивидуална сметка
  • Со потпишување на договор за членство во доброволен пензиски фонд меѓу лицето, уплаќачот и друштвото и со отворање на доброволна индивидуална сметка  или
  • Со учество во професионална пензиска шема и отворање на професионална сметка.

Друштвото отвара доброволна индивидуална сметка или професионална сметка на членот, веднаш по првата уплата на придонес.

Членот, уплаќачот и осигурителот, имаат право слободно да ја одредуваат висината на уплатениот износ на доброволен придонес и динамиката на уплатата, а промената на висината на уплатата, или прекинот на уплатата, не влијаат на правото на членство во доброволниот пензиски фонд, односно не значат прекин на членството.

Пензионер не може да биде член во трет столб.