Дополнителни средства за поголема сигурност
Доброволно пензиско штедење!
Обезбедете поголема материјална сигурност за Вас и Вашите најмили.
Услуги кои ги нуди Триглав доброволен пензиски фонд
Грижата за членовите е наш приоритет!
Погледнете кои услуги кои ги нудиме за членовите и за пензионираните членови.
Кога лојалноста е причина за среќни пензиски денови
Придобивките од континуираното вложување и развој на сопствениот кадар.
Вистинска одлука за стабилна и сигурна иднина
Работење, остварени резултати и наплатени надоместоци.

Доброволно штедење за дополнителна пензија

Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување е осигурување врз основа на капитализација на средствата, на доброволна основа. Во него можат да бидат вклучени сите лица кои сакаат да обезбедат подобра материјална сигурност покрај задолжителното осигурување, како и оние кои не се опфатени со задолжително осигурување.

Триглав отворен доброволен пензиски фонд-Скопје ви нуди:

  • индивидуално членство 
  • членство преку професионални пензиски шеми 

Дополнителното пензиско осигурување сѐ почесто зазема важна позиција  како алатка за задржување и стимулирање на клучниот персонал.

Доброволно пензиско осигурување за вработени и членови на здруженија - преку професионални пензиски шеми

Вообичаена практика во многу европски земји е постоење на професионални пензиски шеми, преку кои работодавачите или здруженијата на граѓани организираат и финансираат дополнително пензиско осигурување за своите вработени, односно членови.

Во овој случај, осигурителот има право слободно да ја одредува висината на уплатениот износ и фреквенцијата на уплата за секој учесник поединечно, а промената на висината и фреквенцијата на уплатата не влијае на правото на членство во фондот.

 Член на пензиски фонд не може да биде учесник во две професионални пензиски шеми.

Член на Триглав доброволен пензиски фонд, како учесник во професионална пензиска шема, не може да премине во друг доброволен пензиски фонд, во периодот додека е вработен, или е член на осигурител.

Во случај кога учесник во професионална пензиска шема премине кај друг осигурител, кој организира професионална пензиска шема, средствата од постојната професионална сметка се пренесуваат на професионалната сметка во професионалната пензиска шема организирана од другиот осигурител.

 Повластен даночен третман

Кај доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, пропишан е следниот даночен третман:

Професионална пензиска шема организирана и финансирана од работодавач или здружение на граѓани (т.н. осигурител)

  За придонесите на професионалните сметки не се пресметува и плаќа данок на личен доход, доколку уплатениот износ по осигуреник во рамките на една календарска година е во висина до две просечни месечни бруто-плати во Република Северна Македонија, објавени во јануари во тековната година, според податоците на Државниот завод за статистика

Пример: Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, објавена во јануари 2020 година, изнесува 41.141 денари, што значи дека пропишаниот лимит до кој не се пресметува и плаќа данок на личен доход за 2020 година изнесува 82.282 денари.

Трошоците по основ на уплатените придонеси, во износ до пропишаниот лимит, претставуваат признаени расходи за даночни цели при пресметка на данокот на добивка.

  ПРИ ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА СРЕДСТВА, ИСПЛАТЕНИТЕ ПЕНЗИСКИ НАДОМЕСТОЦИ СЕ ОДАНОЧУВААТ КАКО ДОХОД ОД РАБОТА, СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД

Доброволно пензиско осигурување за вработени и членови на здруженија