Активна грижа за членовите

ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА ОД ДОБРОВОЛНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Правото за користење на средствата од третиот столб се стекнува десет години пред возраста на која што се остварува правото на старосна пензија, што во моментот би значело на возраст од 54 години за мажи односно на 52 години за жени. Во случај кога кај членот е утврдена општа неспособност за работа, средствата можат да се повлечат без оглед на возраста.