Согласно законската регулатива Друштвото за управување наплаќа одредени надоместоци

Друштвото за управување со Триглав доброволен пензиски фонд за својата работа наплаќа надоместоци, утврдени во Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, поточно:


  •  Надоместок од секој уплатен придонес, кој го одредува друштвото и кој не може да надмине 7% од секој уплатен придонес;
  •  Месечен надоместок, кој го определува друштвото и кој не може да надмине 0,15% месечно
  • Надоместок, во случај на пренос на средствата на индивидуална сметка од еден доброволен пензиски фонд во друг, под услов членот кој преминува да бил член во постојниот доброволен пензиски фонд пократко од една година изнесува 10 евра, додека за период подолг од една година тој не се наплаќа.