КОИ ПОВОЛНОСТ ВИ ГИ НУДИ ДОБРОВОЛНОТО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Една од поволносите, кои ги нуди третиот столб на пензиското осигурување, е што корисниците не мораат да бидат вработени, ниту пак да бидат членови на задолжителното пензиско осигурување. Член на третиот столб може да биде секое лице, кое навршило 15 години, но не повеќе од 70 години. Членови на третиот столб можат да бидат и лица, за кои трети лица уплаќаат придонеси.

 

Износот и динамиката на уплата во третиот столб ја одредувате вие лично. Поволност за членовите во третиот столб е и правото на поврат на персоналниот данок на доход, пресметан на износот на уплатениот придонес во доброволниот пензиски фонд.