НАДОМЕСТОЦИ КОИ ГИ ПЛАЌААТ ЧЛЕНОВИТЕ НА ТРИГЛАВ ОТВОРЕН ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД-Скопје

Членовите, кои имаат индивидуална сметка во Триглав задолжителен пензиски фонд, ги плаќаат следните надоместоци:

Надоместок од придонес, како процент од секој уплатен придонес во Триглав задолжителен пензиски фонд, во износ од 1,8 % од уплатените придонеси, пред нивно претварање во сметководствени единици;

Надоместок за управување со средствата - месечен надоместок во висина на  0,03% од вредноста на вкупните нето средства на секоја индивидуална сметка во пензискиот фонд. Надоместокот за управување со средствата е еднаков за сите членови на задолжителниот пензиски фонд на Триглав.

Надоместок се наплаќа и за премин на член на Триглав задолжителен пензиски фонд во друг пензиски фонд.

Друштвото за управување од корисниците на пензија од Триглав задолжителен пензиски фонд, со програмирани повлекувања наплаќа месечен надоместок во висина од 0,03% од вредноста на вкупните нето средства на секоја индивидуална сметка во пензискиот фонд (надоместок за управување со средствата).


Висината на надоместокот за премин зависи од времето помеѓу датумот кога осигуреникот се стекнал со статус на член во постојниот задолжителен пензиски фонд, до датумот на пренос на средствата на индивидуалната сметка во идниот задолжителен пензиски фонд. За помалку од две години (720 дена) надоместокот изнесува 15 евра во денарска противвредност, додека пак за повеќе од две години надоместок не се наплаќа.