КАКО ДА СТАНАМ ЧЛЕН?

Кој може да биде член?

Членови на Триглав задолжителен пензиски фонд можат да бидат осигурениците кои задолжително се опфатени со задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување и осигурениците кои по сопствен избор ќе се вклучат во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Триглав задолжителен пензиски фонд му пристапуваат преку склучување на договор за членство.

 

Осигуреник може да стекне членство во Триглав задолжителен пензиски фонд на два начини:

  • со потпишување на договор за членство во фондот и со регистрација во Регистерот на членови, кој го води Агенцијата,
  • со распределба во Триглав задолжителен пензиски фонд по случаен избор, од страна на Агенцијата, т.е. Фондот на ПИОМ, во случај кога осигуреникот, кој е должен да стане член на задолжителен пензиски фонд, не потпишал договор за членство во периодот за избор на задолжителен пензиски фонд

Еден осигуреник во исто време може да биде член само во еден задолжителен пензиски фонд и во тој пензиски фонд може да има само една сметка.

 

Осигуреник, кој прв пат потпишува договор за членство во Триглав задолжителен пензиски фонд и дотогаш не бил член на ниту еден задолжителен пензиски фонд, има право на еднострано раскинување на договорот по пат на писмен поднесок, доставен до Триглав пензиско друштво во рок од 8 работни дена од датумот на потпишувањето на договорот за членство. По истекот на рокот од 8 работни дена, од датумот на потпишување на договорот, осигуреникот стекнува членство во задолжителниот пензиски фонд и Друштвото за управување воспоставува индивидуална сметка за членот кој го потпишал договорот.

 

Осигуреник кој е задолжително опфатен во задолжителното капитално финасирано пензиско осигурување, договорот за членството во Триглав задолжителен пензиски фонд може да го склучи во рок од три месеци од вработувањето, односно пристапувањето на задолжителното пензиско инвалидско осигурување.

 

По вработувањето, односно пристапувањето на задолжителното пензиско инвалидско осигурување, Агенцијата за супервизија на пензиско осигурување, МАПАС, врши времено распоредување на осигуреникот, при што Триглав задолжителен Пензиски фонд за времено распоредениот член воспоставува индивидуална подсметка, во рамки на посебната сметка во Триглав задолжителен пензиски фонд.

 

Членот на Триглав задолжителен пензиски фонд може слободно да премине и да се зачлени во друг задолжителен пензиски фонд.

 

Член кој има индивидуална сметка во Триглав задолжителен пензиски фонд може да премине во задолжителен пензиски фонд управуван од друго друштво со потпишување договор за премин со друштвото кое управува со задолжителниот пензиски фонд во кој преминува, потпишување изјава за согласност за премин и плаќање соодветен надоместок.



За пристап до информативниот проспект на Триглав отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје кликнете овде.