Податоци за остварени резултати и наплатени надоместоци

Ние, во Триглав пензиско друштво, сме свесни за важноста на нашата одговорна улога да управуваме со пензиските заштеди, затоа сме транспарентни и искрени во нашето работење


Потпирајќи се врз долгогодишното искуство на Групацијата Триглав во процесите на управување со финансиски средства, инвестициите за пензискиот фонд ги одбираме по строго дефинирани правила и утврдена инвестициона стратегија. Нашата цел е да остваруваме високи приноси, единствено во полза на осигурениците и идните пензионери, водејќи при тоа сметка да ги минимизираме ризиците од можни загуби.

Пензиските заштеди на осигурениците се депонирани во специјализирана и лиценцирана банка чувар, чија задача е средствата да ги чува безбедни и да врши редовна проверка на усогласеноста на портфолиото на пензискиот фонд со инвестициските ограничувања во законската регулатива.