Доколку сакаш да станеш член во доброволниот фонд со кој управуваме

КАКО ДА СЕ ЗАЧЛЕНАМ ВО ТРИГЛАВ ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД?

Член на Триглав доброволен пензиски фонд можете да станете на неколку начини:

  • со потпишување договор за членство со Друштвото за управување и со отворање доброволна индивидуална сметка;
  • со потпишување договор за членство меѓу осигуреникот, физичкото лице кое уплаќа придонес во име на осигуреникот (уплаќач) и Друштвото за управување и со отворање доброволна индивидуална сметка.Договорот за членство може да се менува со анекс само доколку настане вклучување, промена, или исклучување на физичкото лице-уплаќач од договорот;
  • со учество во професионална пензиска шема и отворање професионална сметка, или
  • со отворање доброволна индивидуална сметка и доставување потврда за членство во доброволен пензиски фонд од страна на Друштвото за управување, на член кој има прекин во професионалната пензиска шема, а кој нема доброволна индивидуална сметка.
  • Членот на доброволен пензиски фонд управуван од друго друштво, со индивидуална доброволна сметка може да премине во Триглав доброволен пензиски фонд со склучување на договор за членство со друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд во кој преминува и со префрлање на средствата од индивидуална доброволна сметка во Триглав доброволен пензиски фонд.

 Член на доброволен пензиски фонд управуван од друго Друштво, како учесник во професионална пензиска шема, не може да премине во друг доброволен пензиски фонд, во периодот додека е вработен, или е член на осигурител.

 Во случај кога учесник во професионална пензиска шема премине кај друг осигурител, кој организира професионална пензиска шема, средствата од постојната професионална сметка се пренесуваат на професионалната сметка во професионалната пензиска шема организирана од другиот осигурител.

 Доколку член на Триглав доброволен пензиски фонд, кој има доброволна индивидуална сметка, престане да уплаќа придонеси во доброволниот пензиски фонд пред пензионирање, тој останува да биде член на Триглав доброволен пензиски фонд до моментот на настанување на смртен случај, до остварување право на пензиски надомест, или до премин во друг доброволен пензиски фонд и ги има истите права како другите членови на доброволниот пензиски фонд.

Едно лице може да има само една доброволна индивидуална сметка и една професионална сметка во ист, или различен доброволен пензиски фонд.