За акционерите 3,70 евра бруто дивиденда по акција

47-мо Собрание на акционери на друштвото Заваровалница Триглав

ZnTrigNewSmall

 

Соопштение за медиуми

Љубљана, 24.мај 2022

 

За акционерите 3,70 евра бруто дивиденда по акција

47-мо Собрание на акционери на друштвото Заваровалница Триглав

 

 

На 47-то Собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го подржаа предлогот на Управата и Надзорниот одбор за исплата на 3,70 евра бруто дивиденда по акција. Се запознаа со Годишниот извештај за 2021 година и ја одобрија работата и водењето на работењето со Друштвото на членовите на Надзорниот одбор и Управата за 2021 година.

 

 

На денешното 47-мо Собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го прифатија предлогот на Управата и на Надзорниот одбор за исплата на 84,1 милион евра, наменети за дивиденда, односно 3,70 евра бруто по акција, што претставува удел од 74% во консолидираната чиста добивка на компанијата за 2021 година и принос од дивиденда од 9%.

 

Дивидендата ќе се исплати на акционерите, впишани во акционерската книга на друштвото во вторник 7.6.2022 година. (првиот трговски ден без право на дивиденда е понеделник, 6-ти јуни, 2022 година). Во оваа прилика изјава даде Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав: „На акционерите им благодарам за искажаната доверба. Групацијата Триглав е финансиски стабилна и ги достигнува зацртаните резултати. Нѐ радува, што можеме на оваа основа на акционерите да им исплатиме атрактивна дивиденда. Таа е значително повисока, бидејќи, покрај дивидендната политика, ги зема предвид и аспектите и околностите во последните две години.“

 

Акционерите се запознаа со Годишниот извештај на Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав за 2021 година и ја одобрија работата и водењето на работењето со Друштвото на членовите  на Управата и Надзорниот одбор за 2021 година. Собранието го потврди извештајот за билансот на успех на Заваровалница Триглав за 2021 година, додека консултативната одлука за нејзината политика за наградување не беше донесена. Политиката за наградување, којашто е во сила во Заваровалница Триглав и е во согласност со законот, не е целосно усогласена со последните препораки на акционерот на SDH, објавени на 16-ти март, 2022 година. Препораките на акционерот на SDH во однос на Политиката за наградување ќе бидат разгледани до следното редовно Генерално собрание на Заваровалница Триглав. Генералното собрание на акционери го именуваше друштвото за ревизија Делоит ревизија, д.о., Љубљана за ревизор на Заваровалница Триглав за финансиските години 2022, 2023 и 2024 година.

 

 

Заваровалница Триглав

Заваровалница Триглав е водечка словенечка традиционална осигурителна компанија и матична компанија на Групацијата Триглав. Се состои од мрежа од 12 регионални единици и повеќе од 50 претставништва, со над 650 осигурителни агенти низ Словенија. Ги нуди сите видови на лично и неживотно осигурување, како осигурување на имот и имотни интереси, автомобили, земјоделско, транспортно осигурување, осигурување на побарувања и патнички осигурувања. Комплетната понуда на лично осигурување се состои од сите облици на животно, ануитетно, пензиско, незгодно и здравствено осигурување.

 

 

Групацијата Триглав

Групацијата Триглав со своето знаење, искуство и финансиска моќ повеќе од 120 години ја оправдува довербата на клиентите и другите засегнати страни. Нејзината мисија е да гради побезбедна иднина. Таа е најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа и еден од лидерите во Југоисточна Европа, работи во шест земји и на седум пазари и пошироко на меѓународно ниво преку партнерства со осигурителни брокерски, застапнички и реосигурителни компании. Клучните столбови на нејзиниот бизнис се осигурување и управување со средства. Вработува над 5.200 луѓе. Групацијата Триглав одржува солидна финансиска стабилност, висока адекватност на капиталот и профитабилност, што е потврдено и со високиот кредитен рејтинг „А“ добиен од две признати агенции за кредитен рејтинг. Главните вредности на компанијата се агилност, едноставност и доверливост. Нејзината визија е да го постави стандардот за извонредно корисничко искуство - секогаш, секаде. Со одржлив фокус, таа е развојно ориентирана средина за вработените, поврзана со партнери и стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите.

 


Complementary Content
${loading}