ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ ПОТВРДЕНА: ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО СО БОНИТЕТНА ОЦЕНА A+
Со особена гордост ве информираме
дека Триглав пензиско друштво АД Скопје се стекна со бонитетна оцена A+ за 2024
година, доделена од CompanyWall DOOEL – признание што ја потврдува нашата
стабилност, сигурност и професионален интегритет.
Ова признание претставува
повеќе од бројчена оцена – тоа е одраз на долгорочната стратегија и вредносниот
систем што го следиме доследно од основањето.
Во основата на оваа оцена стојат постулатите на доверба, отчетност и
континуирана посветеност, кои ја обликуваат секојдневната работа на нашето
друштво.
Бонитетната оцена A+ е
резултат на стабилна институционална поставеност, контролирани процеси и
заложба за финансиска сигурност која се препознава – и, уште поважно, се
чувствува.
Во време на постојани
економски и општествени промени, нашата насока останува цврста: да обезбедиме
стабилност, човечка блискост и иднина која расте заедно со нашите членови.
Продолжуваме со иста
посветеност, транспарентност и грижа.
Затоа што, кога Членот на ПРВО место – резултатите говорат сами за себе.
