НАМАЛУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ ОД УПЛАТЕНИ ПРИДОНЕСИ ВО ТРИГЛАВ ОТВОРЕН ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД – СКОПЈЕ
Известување за измени на Статутот на
Триглав отворен доброволен пензиски фонд - Скопје
Друштвото за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови Триглав пензиско друштво АД Скопје ја известува јавноста за донесените измени на Статутот на Триглав отворен доброволен пензиски фонд - Скопје.
Со постојните измени се изврши намалување од 2,9% на 2,5% на процентот на надоместокот од придонеси што се наплатува од уплатените придонеси за членовите со доброволна индивидуална сметка, додека за членовите со професионална сметка е воведено ограничување до најмногу 2,5%, со оглед на тоа што за овие членови процентот на надоместокот од придонеси се определува согласно секој поединечен договор, склучен помеѓу Осигурител – правно лице и Триглав пензиско друштво.
Покрај тоа, се воведува намалување на процентот на надоместокот од придонеси за членовите со доброволна индивидуална сметка кои имаат континуирано членство во фондот и тоа за 10% за оние кои оствариле континуитет од најмалку 5 години, односно 1.800 денови, како и 20% за оние кои достигнале до континуитет од најмалку 10 години, односно 3.600 денови.
Со намалувањето на генералната стапка на надоместокот од придонеси, како и со воведувањето на дополнително намалување на процентот на надоместокот од придонеси во зависност од периодот на континуирано членство во фондот, како новина која за прв пат се промовира на македонскиот пазар на капитално финансирано пензиско осигурување, целиме кон понатамошен развој на свеста за доброволното пензиско штедење, како и кон зацврстување на чувството на припадност и лојалност кон Триглав пензиско друштво како доверлив пензиски партнер.
Увид во Статутите на Задолжителниот пензиски фонд и Доброволниот пензиски фонд со кои управува Триглав пензиско друштво АД Скопје може да се изврши преку веб-страницата www.triglavpenzisko.mk.
Со почит,
Триглав пензиско друштво АД Скопје
ИЗВЕСТУВАЊЕ
ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ ОД УПЛАТЕНИ ПРИДОНЕСИ ВО
ТРИГЛАВ ОТВОРЕН ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД – СКОПЈЕ
Почнувајќи од 01.05.2025 година, висината на надоместокот од придонеси на Триглав отворен доброволен пензиски – фонд Скопје изнесува 2,50%, наместо претходно важечките 2,90%. Ова намалување на процентот на надоместокот од придонеси претставува директно намалување на трошоците за членовите на Триглав отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.
|
Тип на тековно наплатуван надоместок |
Износ |
|
Надоместок од придонеси* |
2,50% (2,90 % до 30.04.2025) |
|
Mесечен надоместок од вредноста на нето средствата на Фондот* |
0,075% (0,075% до 30.04.2025) |
|
Надоместок за премин * |
|
|
број на денови 360 |
10 евра |
|
број на денови > 360 |
не се наплатува надоместок |
|
намалување на надоместокот за постојано членство како процент од придонесите во доброволен пензиски фонд |
|
|
Број на денови |
Процент на намалување |
|
≤ 1.800 |
0 % |
|
>1.800 број на денови ≤3.600 |
10 % |
|
>3.600 |
20 % |
ПОДАТОЦИ ЗА ОСТВАРЕН ПРИНОС
Приносот* на Триглав отворен доброволен пензиски фонд-Скопје сведен на годишно ниво по периоди изнесува:
|
Период |
Во номинален износ |
Во реален износ |
|
31.03.2024-31.03.2025
|
5,12 % |
2,33% |
|
30.06.2021-31.03.2025 |
4,27 % |
-2,96% |
|
Почеток-31.03.2025 |
4,09 % |
-3,11 % |
Приносот на Вашата индивидуална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд
|
Износ во денари |
Износ/Нето вредност на средствата во доброволниот пензиски фонд (%) |
Износ на трошок по една сметководствена единица (денари) |
|
|
12.293 |
0,0588% |
0,069216 |
|
|
Вкупен износ на трансакциски провизии платени од Триглав отворен доброволен пензиски фонд-Скопје во период од 30.06.2021 до 31.03.2025 |
11.046 |
0,0528% |
0,062194 |
|
Вкупен износ на трансакциски провизии платени од Триглав отворен доброволен пензиски фонд-Скопје во период од 31.03.2024 до 31.03.2025 |
3.107 |
0,0149% |
0,017493 |
* извор: www.mapas.mk
** извор: www.triglavpenzisko.mk
