Доброволно пензиско осигурување за вработени и членови

Вообичаена практика во многу европски земји е постоење на професионални пензиски шеми, преку кои работодавачите или здруженијата на граѓаните организираат и  финансираат дополнително пензиско осигурување за своите вработени, односно членови.

 

Во овој случај, осигурителот има право слободно да ја одредува висината на уплатениот износ и фрекфенцијата на уплата за секој учесник поединечно, а промената на висината и фрекфенцијата на уплатата не влијае на правото на членство во фондот.

 

Член на пензиски фонд не може да биде учесник во две професионални пензиски шеми.

 

Член на Триглав доброволен пензиски фонд, како учесник во професионална пензиска шема, не може да премине во друг доброволен пензиски фонд, во периодот додека е вработен, или е член на осигурител.

 

Во случај кога учесник во професионална пензиска шема премине кај друг осигурител, кој организира професионална пензиска шема, средствата од постојната професионална сметка се пренесуваат на професионалната сметка во професионалната пензиска шема организирана од другиот осигурител.

 

Повластен даночен третман