Г-ѓа Вилма Учета Дузлевска, нов извршен член на Одборот на директори во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје

30. 10. 2020

На 08-ми октомври, 2020 година г-ѓа Вилма Учета Дузлевска доби согласност од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување за вршење на функцијата извршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

 

Со добивањето на одлуката од Агенцијата за супервизија на осигурување, одлуката на Одборот на директори, донесена на 07-ми септември, 2020 година за назначување на Вилма Учета Дузлевска за извршен член на Одборот на директори стапи на сила. Извршната директорка, после поминати два мандати на функција Главен извршен директор во Кроациа Осигурување – Живот АД, Скопје,  и една година во Кроациа Осигурување – Друштво за неживотно осигурување АД Скопје, професионалниот ангажман го продолжува во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

 

Podijeli na:
Share on Google+